Мајами Хит предводени од „големото трио" - Џејмс, Вејд и Бош кои сами постигнаа 85 поени, славеа со 93:109 во Тексас и израмнија на 2:2 во големото финале на НБА лигата.
Кога гледаме натпревар на ТВ, кошаркарите еден покрај друг не ни изгледаат многу високи, но кога ќе ги видиме покрај нормални луѓе, тогаш тие се стварно големи.
Сан Антонио Спарс поведоа со 2:1 во финалната серија во НБА лигата откако го победија Мајами со 36 разлика (113:77) благодарение на рекордните 16 тројки.
Исто како и на 4-от натпревар од финалето на Истокот против Индијана, Леброн Џејмс повтоно ни покажа еден школски пример за тоа како треба да изгледа една добра кошаркарска блокада. Овој пат негова жртва беше Тијаго Сплитер.
Актуелниот шампион прослави голема победа и се врати во игра пред преселувањето на финалната серија во Сан Антонио. Мајами го победи Сан Антонио со 103:84 и израмни на 1:1 во големото финале од НБА лигата.
На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.
Репрезентативците на Шпанија во моментов се наоѓаат во Мајами каде во сабота ќе одиграат пријателски натпревар против Хаити, па ја искористија шансата и присуствуваа на првиот финален натпревар од НБА лигата, но Серхио Рамос не знаеше кој игра.
Стартуваат натпреварите од големото финале на 67-то издание на најквалитетното светско кошаркарско натпреварување, а кладилниците предвидуваат дека Сан Антонио Спарс нема да успеат да му го украдат трофејот на актуелниот шампион.
Вечерва започнува големото финале на НБА лигата, а аниматорите на ESPN ја подгреваат атмосферата со оваа анимација со незаборавните моменти од изминатите финални серии.
Мајами Хит предводени од Леброн Џејмс ги победија Индијана Пејсерс со 23 разлика (99:76) во седмиот натпревар од финалето на Истокот и се пласираше во големото финале од НБА лигата каде ќе се сретне со Сан Антонио Спарс.
Во шестата пресметка од финалето на Источната конференција кошаркарите на Индијана се изборија за мајсторка против Мајами Хит. Актуелниот шампион имаше катастрофални 36% шут од поле, но еден од клучните фактори за променливата нивна игра е падот на формата на Вејд.
Не се промениле многу работи од средношколскиот период од животот на Леброн Џејмс па до денес. Тој и тогаш бил суперѕвезда и си ги растурал противничките екипи. Единствената разлика од тогаш до денес е неговата фризура.
Кралот Џејмс не беше задоволен на полувремето од петтиот натпревар кога неговиот тим губеше со 4 разлика од Индијана, па реши да ги мотивира своите соиграчи.
„Јас немам потреба од симулирање. Јас играм агресивно и не симулирам", изјави Леброн Џејмс откако беше обвинет дека се обидува да одглуми фаул. Но снимките го тврдат спротивното.
Индијана Пејсерс со победата од 99:92 против Мајами Хит израмни на 2:2 во финалето од Источната конференција, а моментот кој ќе се прераскажува од овој натпревар е блокадата на Леброн Џејмс над Џорџ Хил.
Сан Антонио Спарс славеа со 83:96 на гостувањето во Мемфис и ги збришаа Гризлис за пласман во финалето на НБА плејофот. Тим Данкан и покрај тоа што има 37 години е еден од централните играчи во тимот на Спарси. На последниот натпревар постигна 15 поени, а за време на третиот натпревар Данкан откри и дека има раце.
Уште една сезона од кошаркарската Евролига е зад нас, но некои натпревари и потези уште долго ќе ни останат во сеќавање. Ова се најдобрите 10 моменти од сезоната 2012/13.
Екипата на МЗТ го победи Кожув со 93:89 и со убедливи 4:0 стигна до новата титула во македонскиот кошаркарски шампионат. Тимот од Аеродром втора година во низа ја демонстира доминацијата во македонската кошарка со освојување на двојната круна.
Сан Антонио потешко од очекувањето ја забележа втората победа против Мемфис во финалето на западот и покрај тоа што имаа голема предност во текот на натпреварот. На полувремето водеа со 15 разлика, најмногу благодарени на ваквите промашувања.
Во една од оние ЈуТјуб покани за матурска, девојче од Мајами го кани Вејд да и биде партнер. Го прави видеото, го пушта на ЈуТјуб и го заборава. На матурска трга со другарките, без да се надева на било што.
Газдата на Далас Маверикс реши да ги смени дресовите на неговиот тим и бара помош од навивачите, но ако вашиот предлог биде прифатен, единствено што ќе добиете е правото да им се фалите на пријателите.