Неуспешна контрола за кошаркарите пред домашната публика во пресрет на Евробаскетот во Словенија. Со неефикасна игра во нападот, слаба реализација и игра без енергија во финишот, Македонија го забележа првиот пораз од Литванија.
По израмнета игра и 13:14 по првата четвртина, на стартот од вториот период нашите кошаркари направија серија од 11:0 и поведоа со 24:14. Литванците повторно се вратија во игра и до полувремето намалија на 28:27.
Слабата реализација на нашите кошаркараи продолжи и во второто полувреме, а посебно во последната четврина, што Литванците добро знаеја да го искористат и на крајот триумфираа со 50:62.