Нашите кошаркари одиграа слабо прво полувреме во кое Шпанија имаше целосна контрола. По првиот период тие водеа со 21:13, а на полувремето Шпанците заминаа со високо водство од +17 (38:21).
По паузата, избраниците на Пипан ги консолидираа редовите и воспоставија рамнотежа на паркетот, а водството на Шпанците полека се топеше. Третиот период го добивме со 24:13, а предноста на Шпанија се намалуваше и во последната четвртина.
На седум минути до крајот со серија од 7:1 Македонија израмни на 54:54, но потоа следеше нов период на доминација на домаќините кои возвратија со 10:0 и на три минути до крајот водеа со 64:54, a kонечниот резултат гласеше 66:61.
Илиевски постигна 14 поени, Чековски 11, а Мекејлеб, Дамјан Стојановски и Гечевски по 10. Најефикасен на натпреварот беше Марк Гасол со 17 поени.