Како што беше најавено и претходно, селекторот Пипан по последниот тренинг пред заминувањето за Словенија ги објави имињата на кошаткарите кои ќе патуваат на Евробаскетот, а на списокот ги нема Марко Симоновски и Бојан Крстевски.
Дванаесетмината кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Словенија се: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.
Репрезентацијата заминува за Словенија во понеделник и од среда (4 септември) до понеделник (9 септември) во рамките на првата групна фаза ќе се сретне со Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија.
Со пласман на некое од првите три места во групата, Македонија ќе продолжи во втората осминафинална фаза од првенството каде ќе вкрсти со најдобро-пласираните три репрезентации од Групата А каде се наоѓаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Израел и Белгија.