Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.
На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер направија голем пресврт против Сан Антонио Спарс во финалната серија на Западната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата.
На кошаркарите на Оклахома им е потребна само уште една победа за прв пласман во НБА финалето во историјата на клубот откако славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 103:108.
Оклахома Сити Тандер предводени од Дурент и Ибака ги совладаа Сан Антонио Спарс со 109:103 и израмнија на 2:2 во финалната серија на западната конференција.
Екипата на Оклахома Сити Тандер ја прекина серијата од 20 победи на Сан Антонио Спарс и намали на 2:1 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.
Каха Лаборал го совлада Реал Мадрид на вториот натпревар од полуфиналната серија од плејофот на шпанската лига, а потегот на вечерта беше забивањето на Немања Бјелица кој воедно изнуди и фаул.
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.
НБА ги објави најдобрите петорки во лигата за сезоната 2011/12 кои беа одредени со гласање на спортските новинари. Во првата петорка се наоѓаат Џејмс, Дурент, Брајант, Хауард и Пол.
Ниту еден грчки медиум не се осмели да ги прикаже снимките од Перо Антиќ кој даваше изјави со македонското знаме на себе. Во изјава за српскиот канал Спорт Клуб, капитенот на кошаркарската репрезентација го посвети освоениот трофеј од Евролигата на цела Македонија и потврди дека бил приморан да каже „ФИРОМ“ во телевизиските најави пред натпреварите.
Атмосферата на дуелите помеѓу Мајами и Индијана дојде до точка на вриење и на вчерашниот натпревар беа досудени три намерни лични грешки за груби фаули.
Екипата составена од ветераните на филипинската лига изведоа одлична „Трилер" кореографија во стилот на Мајкл Џексон пред почетокот на нивниот ол стар натпревар.
Оклахома Сити Тандер ги елиминираа ЛА Лејкерси и се пласираа во финалето на Западот. Најзаслужен за пресвртот во третата четвртина беше Расел Вестбрук по што домаќините фуриозно продолжија и на крајот победија со 106:90.