Кошаркарите на Оклахома беа во водство во текот на целиот натпревар, но во последната четвртина нивната предност од +15 се намали на само четири поени.
Но во тие моменти се активираше Кевин Дурент кој во последниот период постигна 18 од своите 36 поени, а на овој натпревар блескаше и Серж Ибака кој на овој натпревар имаше 100% реализација и постигна 26 поени.
Најефикасен кај поразените беше Тим Данкан со 21 поен.
Петтиот натпревар ќе се одигра во понеделник навечер, а по два натпревари во Оклахома, овој пат домаќин ќе биде екипата на Сан Антонио Спарс.
Најдобрите потези од натпреварот: