Оклахома не само што ја прекина серијата на Спарси туку и целосно ги надиграа. Најголем дел од работата тие си завршија со одличната одбрана, па Тони Паркер успеа да постигне 16, а Тим Данкан само 10 поени.
Петмина кошаркари на Оклахома имаа двоцифрен број на поени, а најефикасен при победата од 102:82 беше Кевин Дурент со 22 поени, а Швајцарецот Табо Сефолоша реализираше рекордни за него 19 поени и шест украдени топки.
Четвртиот натпревар ќе се одигра повторно во Оклахома во сабота навечер.
Најдобрите потези на натпреварот: