
Кошаркарите на Бостон ја имаа контролата на играта во првото полувреме и водеа дури и со +18, но гостите се разбудија во вториот дел и во последната четвртина успеаја дури и да поведат.
Натпреварот во регуларниот дел заврши со 89:89, а во продолжението од пет минути двете екипи постигнаа вкупно шест поени. Кошаркарите на Мајами постигнаа само два поени, а домаќините два повеќе што беше доволно за победа од 93:91.
Најефикасен кај Бостон беше Пол Пирс со 23 поени, а Леброн Џејмс постигна 29 поени за Мајами.
Финалната серија сега се враќа во Мајами каде ноќта помеѓу вторник и среда ќе се одигра петтиот натпревар.
Најдобрите потези на вечерта: