Бостон се врати во игра

Бостон Селтикс го совладаа Мајами со 101:91 и намалија на 1:2 во финалната серија од Источната конференција.

Мајами добро го започна натпреварот, но триото Гарнет-Пирс-Рондо со силна серија го одведоа Бостон до високо водство уште на полувремето, а во третата четвртина оваа предност достигна и до 22 поени. На крајот Селтикс победија со 101:91.

Гарнет постигна 24, Пирс 23, а Рондо 21 поен. Најрасположен кај Мајами беше Леброн Џејмс со 34 поени.

Следниот натпревар од финалето на Источната конференција ќе се одигра во недела навечер.

Најдобрите потези на натпреварот:

Кошаркарите на Бостон беа многу расположени. Гарнет правеше склекови:

а Рондо играше со глава:

2 јуни 2012 - 09:41