Денес стартува новата сезона на најелитното европско кошаркарско натпреварување. Перо Антиќ со Олимпијакос ќе ја брани титулата во Евролигата, а дел од ова натпреварување ќе бидат и Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Лестер Бо Мекејлеб.
Со цел подобро да го објасни новото правило за борба против симулантите, НБА објави видео со примери од натпревари и кои ќе се казнуваат, но и ситуации за кои играчите нема да бидат санкционирани.
Тренерот Тодоров предупредуваше по претходниот дуел со Широки, но неговите кошаркари очигледно не ја научија лекцијата. МЗТ Скопје го забележа првиот пораз во АБА лигата откако загуби на гостувањето кај Будуќност со 81:71.
Изминативе денови се крена многу прав околу одлуката на НБА лигата за казнувањето на кошаркарите за „флопинг" односно симулирање на фаул. А кога ќе се спомене поимот „флопинг", тоа веднаш асоцира на Владе Дивац - човекот кој го воведе симулирањето во НБА лигата.
Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор откако денес управниот одбор на МКФ ја прифати поднесената оставка на Марјан Лазовски.
Македонскиот шампион забележа нов триумф во регионалната кошаркарска лига. Во второто коло од АБА лига МЗТ Скопје го совлада босанскиот Широки со 63:59.
Македонскиот кошаркарски шампион не покажа никаков респект за поранешниот двократен европски и 17-кратен шампион на Хрватска. МЗТ Скопје го приреди најголемото изненадување на стартот од АБА лигата совладувајќи ја Цибона среде Загреб со 72:77.
Одиграни се првите два натпревари од новата сезона на регионалната кошарскарска лига, а на стартот веднаш инциденти. Што ли ќе се случуваше ако беше дозволено присуство на гостински навивачи?
Стартува 12-та сезона на регионалната кошаркарска лига, а за прв пат во неа и еден македонски претставник. Екипата на МЗТ Скопје ќе се обиде да ги изненади фаворитите во до сега најсилната и најнеизвесната сезона на Јадранската лига.
Кошаркарската репрезентација на Македонија е во првиот шешир за извлекувањето и ќе биде носител на група на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Словенија.
Соиграчот на Перо Антиќ од европскиот шампион Олимпијакос, 122 килограми тешкиот Џои Дорси, ја скрши таблата од кошот при забивање за време на пријателскиот натпревар против италијански Динамо Сасари.
Лошо му тргна на Фаб Мело, дебитантот од редовите на Бостон Селтикс. На првата активност во НБА, фотосесијата на дебитантите, тој имаше мала непријатност со столчето.
Минатиот месец Атина беше домаќин на Светското првенство во 3 на 3 баскет, а во склоп на првенството се одржа и натпревар во забивање. Ова се дел од најдобрите.
Пресметувајќи индекс на ефикасност на кој влијаат потрошените пари и остварените резултати од изминатите пет сезони, Американците пресметаа дека ЛА Лејкерс најпаметно ги трошат парите во однос на останатите клубови од НБА лигата.
Шпанија се пласираше во полуфиналето од кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Лондон со победата над Франција од 66:59, а наервозниот Николас Батум не можејќи да го поднесе поразот во финишот од натпреварот му зададе удар на Наваро и тоа на многу незгодно место.
Најефикасен натпревар во Олимписката историја, најмногу постигнати поени на натпревар, највисока победа, најмногу тројки... тоа се само дел од рекордите кои кошаркарите на САД ги срушија при победата од 156:73 над Нигерија.
Кошаркарскиот „Дрим-тим" на САД не се ни испоти против репрезентативците на Тунис кои пресреќни што изгубија под 50 разлика по крајот на натпреварот си побараа автограми од своите идоли.
Првата дама на САД, Мишел Обама им даде поддршка на кошаркарите, а по победата над Франција не ја пропушти приликата да ги изгушка и да им честита на сите поединечно.