Тунижаните недораснати за своите идоли

Кошаркарскиот „Дрим-тим" на САД не се ни испоти против репрезентативците на Тунис кои пресреќни што изгубија под 50 разлика по крајот на натпреварот си побараа автограми од своите идоли.

Репрезентацијата на САД ја забележа и втората победа на Олимписките игри во Лодонн. Овој пат имаа многу лесна задача против Тунис и славеа со 110:63.

Тунижаните беа достоен противник само на почетокот од натпреварот кога дури имаа и предност, но Американците на полувремето имаа водство од 13 поени.

Во второто полувреме кошаркарите на САД се разиграа и на крајот остварија лесна победа од 47 разлика.

Селекторот Кжижевски им даде шанса на сите кошаркари, а се истакнаа Кармело Ентони и Кевин Лав со по 16 поени. Најефикасен кај Тунис беше Бен Ромдане со одличен учинок од 22 поени, шест скока и 11 асистенции.

По завршувањето на натпреварот, кошаркарите на Тунис не ја пропуштија шансата и им побараа автограми на своите идоли. Мохамед Хадидане дури ја соблече патиката и побара од Коби Брајант да му се потпише на неа, а потоа си ја врати на нога.

Група А
Литванија - Нигерија 72:53
Франција - Аргентина 71:64
САД - Тунис 110:63
ТАБЕЛА: САД 2-0, Аргентина 1-1, Литванија 1-1, Нигерија 1-1, Франција 1-1, Тунис 0-2.

Група Б
Кина - Русија 54:73
Шпанија - Австралија 82:70
Велика Британија - Бразил 62:67
ТАБЕЛА: Русија 2-0, Шпанија 2-0, Бразил 2-0, Австралија 0-2, В. Британија 0-2, Кина 0-2.

1 август 2012 - 09:04