24-те репрезентации кои се квалификуваа за Евробаскет 2013-та се рангирани според остварениот пласман на минатото Европско првенство кое се одржа во Литванија, каде македонската кошаркарска репрезентација заврши на четвртата позиција.
Репрезентациите се поделени во шест „шешири", а по извлекувањето ќе бидат поделени во четири групи од по шест екипи.
Во првиот шешир се Шпанија, Франција, Русија и Македонија, што значи дека овие репрезентации ќе бидат носители на групи и нема да се сретнат меѓу себе во првата фаза од Европското првенство.
Извлекувањето на групите е закажано за 18 ноември, а Европското првенство ќе се одржи од 4 до 22 септември 2013-та година.
Носители: Шпанија, Франција, Русија, Македонија
Втор шешир: Литванија, Грција, Словенија, Велика Британија
Трет шешир: Италија, Хрватска, Германија, Црна Гора
Четврти шешир: Финска, Полска, Украина, Босна и Херцеговина
Петти шешир: Грузија, Белгија, Летонија, Турција
Шести шешир: Чешка, Србија, Израел, Шведска