Кошарка

Неприкосновената Атланта брои до 18 по ред

Со 39 победи и 8 порази, составот на Мајк Буденхолзер во моментов е најдобриот тим во НБА лигата откако со пресврт го збриша и Портланд. Втор пораз во низа за Голден Стејт кој загуби од Јута, осма победа по ред за Кливленд предводен од повратникот Леброн Џејмс.

Браќата Гасол за историски Ол стар, не игра Новицки

Тројца клупски колеги на Перо Антиќ ќе учесвуваат на претстојниот Ол стар викенд, кој ќе се одржи на 15. февруари во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Зачудува одлуката што како резерви не се повикани Демаркус Казинс од Сакраменто Кингс и Демијан Лилард од Портланд.

Чикаго го плаќа Бузер да не игра за нив

Биковите се должни до крајот на актуелната сезона да му плаќаат 13,55 милиони долари на Карлос Бузер и покрај тоа што тој игра за ЛА Лејкерс.

Крај на црната серија на Лејкерс

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Чикаго Булс после продолженијата 123:118 и на тој начин избегнаа и десетти пораз во низа и израмнување со негативниот рекорд од 1994. година.

Гробари доаѓаат во Скопје во сопствена режија

Иако во Јадранската лига гостувањата се забранети, навивачите на МЗТ Скопје и на Партизан веќе три сезони по ред наизменично присуствуваат на дуелите на своите екипи во Скопје и во Белград. Во аеродромскиот клуб не е стигнат допис дека ќе дојдат.

Кајри Ирвинг даде 55 поени, Антиќ не игра на Ол старот

Петмина кошаркари на Атланта Хокс имаа двоцифрен учинок во рекордниот 17. триумф во низа, овој пат против Бруклин синоќа 113:102. Никси ја изненадија Оклахома која играше без Дурент, а неверојатна вечер имаше плејот на Кливленд, кој синоќа сруши четири рекорди.

Ди Роуз ги стопираше Воините

Кошаркарите на Чикаго Булс го совладаа Голден Стејт после продолженијата 113:111 и на тој начин ја прекина непобедливоста на Вориорс на домашен паркет, која траеше 19 триумфи по ред сезонава.

Снегот посилен од НБА, одложени два натпревари

Ноќта меѓу понеделникот и вторникот во НБА наместо планираните седум, се одиграа пет натпревари, поради снежната олуја во Њујорк која ги одложи натпреварите на Никси и на Бруклин Нетс.

Атланта Хокс со задача за идните генерации

Кошаркарите на Атланта Хокс победија и на 16. натпревар во низа, со што ја продолжија рекордната серија во клупската историја. Голден Стејт ја славеше и 19. победа по ред на домашен терен, овој пат против Бостон.

Пол Пирс во одбрано друштво

Во поразот на Вашингтон од Портланд 103:96, Пол Пирс стана четвртиот играч во историјата на НБА со 2000. уфрлени тројки, заедно со Реј Ален, Реџи Милер и Џејсон Тери.

МЗТ Скопје со пораз се враќа од Загреб

Хрватскиот претставник во Евролигата и вицешампион во АБА лигата, Цедевита ја оправда фаворитската улога и го совлада МЗТ Скопје со 81:70. Вечерашниот пораз беше 13-ти, а четврти на последните пет средби на Јадранот.

Томпсон даде 37 поени за една четвртина, 15-та победа по ред на Атланта

Шампионот Сан Антонио рутински ги совлада Лејкерс 99:85, а Џејмс Харден сам го победи Феникс 113:111 со кош во последната секунда.

Тренерот на ЦСКА пцуе на три јазици

Гркот Димитри Итудис завршил студии во Загреб, учеше занает во ПАО од Жељко Обрадовиќ, а во моментов има 14 победи без пораз како тренер на ЦСКА Москва во Евролигата.

Кари прв во изборот за Ол-Стар, Атланта без претставник

И покрај тоа што тренерот на Атланта, Баденхолцер ќе го предводи Истокот, ниту еден играч на Хокси нема да настапи на 64. издание на Ол-Стар дуелот закажан за 15. февруари.

Пет енигми за НБА финалињата

Додека на сцена е вториот дел од актуелната сезона во НБА лигата, ќе се потсетиме на неколку работи кои не добиле доволно простор во етерот, а се важни за НБА манијаците.

Неочекувана кошаркарска завршница

Кога во кошарка топката е кај тебе, водиш со два поена и до крајот остануваат само 0,6 секунди, обично времето е на твоја страна. Обично.

Пет промашени зицери на Филаделфија под кош

Филаделфија сериозно мисли да биде најлош тим во НБА лигата како лани и на тој начин да стекне право на првиот пик на драфтот. Знаевме дека се лоши, ама не до толку. Синоќа промашија 5 обиди под кош против Њујорк Никс.

Атланта нема намера да застане, 12 поени на Антиќ

Кливленд Кавалерс со Леброн Џејмс ја совладаа Јута, а победи остварија уште и Голден Стејт, Оклахома, Мемфис, Далас и Њујорк. Коби Брајант се повреди во третиот период.

НБА докторите Стив Кер и Мајк Баденхолцер

Човекот што му кажа не на Фил Џексон за да го превземе Њујорк Никс не се кае за одлуката, затоа што во моментов неговиот Голден Стејт Вориорс е лидер во НБА, заедно со Атланта Хокс.

Атланта и Голден Стејт не запираат со победи

Со триумфот над Детроит, Хокси ја забележаа 13-та победа во низа оваа сезона, а Вориорс се непобедливи дома на 16 средби по ред славејќи против Денвер со 43 поени разлика. Дербито на Истокот го доби Кливленд.

Јастребите ги скротија и биковите, Вигинс одличен за Минесота

Синоќа во НБА се одиграа девет натпревари. Атланта Хокс се искачи до 12. победа во низа, а во дербито на вечерта Голден Стејт Вориорс го победи Хјустон 131:106.

Селекторот Џикиќ со Крка подобар од МЗТ во Скопје

Со само шест погодени од 27 обиди за три поени, МЗТ Скопје не успеа да и’ парира на словенечка Крка и загуби 60:72. Вечерашниот пораз беше 12. за аеродромци во АБА лигата. Шеховиќ и Диксон најефикасни со 12 поени.

Атланта непоразена од 26 декември, Ди Роуз како машина

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Голден Стејт 127:115 и на тој начин им ја прекинаа серијата од седум триумфи по ред. Хокси и Перо Антиќ стигнаа до 11. последователна победа на гостувањето во Канада.

Леброн и Кливленд подобри од Коби со Лејкерс

Со 36 поени и по пет скокови и асистенции, Леброн Џејмс беше творец на триумфот на Кавалерс над ЛА Лејкерс 109:102. Кајри Ирвинг додаде 22, а Кевин Лав 17 поени. Кај „езерџиите" Брајант запиша 19 поени, шест скокови и дури 17 асистенции, најмногу во неговата кариера.