Атланта непоразена од 26 декември, Ди Роуз како машина

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Голден Стејт 127:115 и на тој начин им ја прекинаа серијата од седум триумфи по ред. Хокси и Перо Антиќ стигнаа до 11. последователна победа на гостувањето во Канада.

Кевин Дурент со 36 поени, девет скокови и четири асистенции и Расел Вестбрук со првиот трипл-дабл во сезоната беа најзаслужни што Оклахома го доби дербито против Голден Стејт Вориорс 127:115. Огромен удел во прекинот на непобедливоста на Вориорс иаше и Серж Ибака со 27 погодоци. На спротивната страна, Клеј Томпсон беше најефикасен со 32 поени, а Мариз Спејтс уфрли 20.

Откако одмори некои од главните ѕвезди на претходните натпревари, тренерот на Атланта Хокс Мајк Буденхолцер синоќа против Торонто Репторс го изведе најсилниот состав. Тоа се исплатеше и Хокси славеа 110:89. Ал Хорфорд уфрли 22 поени, а Пол Милсап 16 со што Атланта и натаму е прва на Истокот со дури 11 победи по ред. Перо Антиќ постигна три поени за 16 минути на паркетот.

Атланта со учинок 32-8 го има најдобриот скор во клупската историја, а гостински пораз сезонава последен пат доживеаа на 13. декември против Орландо Меџик.

Кајри Ирвинг запиша 37 поени, а Леброн Џејмс 32 со 11 скокови и седум асистенции во славјето на Кливленд против ЛА Клиперс 126:121. Тоа беше втора победа по ред на Кавалерс по враќањето на Кралот Џејмс во ростерот, а 21 во сезоната. Натпреварот го одбележи и подвигот на Леброн Џејмс, кој синоќа стана најмладиот кошаркар што некогаш стигнал до 24.000 поени во НБА лигата.

Експресната асистенција на Леброн до Смит:

По највисоките 32 поени сезонава во средата, Дерик Роуз повторно имаше симултанка, овој пат во победата на Чикаго Булс против Бостон 119:103. Ди-Роуз имаше 5/8 за три поени и дури 10 асистенции и заслужено беше прогласен за играч на мечот. Пау Гасол додаде 20 поени со 11 скокови, а Џими Батлер постигна 22. Во редовите на Бостон, Џаред Салингер уфрли 20 поени и осум скокови.

Резултати НБА:

Феникс – Минесота 110-99
Орландо – Мемфис 96-106
Индијана – Детроит 96-98,
Филаделфија – Њу Орлеанс 96-81
Вашингтон – Бруклин 80-102
Бостон – Чикаго 103-119
Торонто – Атланта 89-110
Оклахома – Голден стејт 127-115
Далас – Денвер 97-89
Сан Антонио – Портланд 110-96
Јута – ЛА лејкерс 94-85
Сакраменто – Мајами 83-95
ЛА клиперс – Кливленд 121-126