Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.
Гостите ги нанесоа првите удари во полуфиналните средби во Хјустон и Кливленд. Блејк Грифин без помошта на Крис Пол го носеше ЛА Клиперс до брејк во Хјустон, а Роуз и Гасол му одржаа лекција на Кливленд.
Кошаркарите на Сан Антонио испаднаа од плејофот и на тој начин нема да ја бранат титулата освоена лани. Поразот решиле да го заборават во еден клуб во Лос Анџелес, од каде еден по еден излегуваа под гас.
После Вашингтон против Атланта, синоќа и Голден Стејт Вориорс со победа ја отвори полуфиналната серија на западната конференција. Воините подобри од Мемфис 101:86.
Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.
Сопственикот на ЛА Клиперс, Стив Балмер емотивно го доживува секој натпревар, а екстазата од плачење до голема радост ја преживеа синоќа против Сан Антонио. Го прослави триумфот со порака: Се гледаме во Хјустон.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се пласираа во полуфиналето на западната конференција, откако синоќа го совладаа шампионот Сан Антонио во седмиот натпревар од серијата 111:109. Крис Пол погоди во последната секунда за големо славје во Ел-Еј.
Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.
Лос Анџелес Клиперс го совлада Сан Антонио 102:96, израмни на 3-3 и на свој терен ќе ја бара шансата за пласман во полуфиналето на Западот. Предводен од Џими Батлер и Пау Гасол, Чикаго Булс ја оствари најубедливата плејоф победа од 1956. година.
Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.
Кошаркарите на Хјустон се во полуфиналето, а после елиминацијата на Далас на повидок е ново дерби на Тексас. Шампионот Сан Антонио подобар од ЛА Клиперс 111:107.
Кога некој ќе ја фрли од нигде никаде и ќе даде кош, кај нас викаме бугарски шут. Она што му појде од рака на Пачулија од Милвоки Бакс против Чикаго Американците го викаат циркуски поен.
Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.
Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.
Кавај Леонард сам го победи Далас Маверикс и го водеше Сан Антонио до 2-1 во плејоф серијата. Одлична вечер за Полјакот Гортрат од Вашингтон кој сега води 3-0 против Торонто Репторс.
На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.
Погруб дуел на двајца играчи под кошот автоматски значеше и брканица на паркетот. Третиот го искористи метежот, па со топка го удри во глава инцијаторот на целата збрка. Епилог: Сите тројца исклучени.
Кошаркарите на Сан Антонио предводени од Тим Данкан стигнаа до израмнување во серијата против Хјустон Рокитс. Перо Антиќ постигна 8 поени за Хокси во тешкиот триумф против Бруклин Нетс 96-91.
Четвртиот ден од НБА плејофот наликуваше на Ол старт викенд. За шоуто се погрижи Кралот Џејмс кој му ја донесе втората победа на Кливленд, а празник за очи под кош направија и Џош Смит и Двајт Хауард за втор триумф на Хјустон.
Далас го загуби првиот плејоф натпревар од Хјустон, а тоа воопшто не го поднесе лесно германскиот центар и му се нафрли на микрофонот кој инаку работеше.