Двете најсилни екипи од Источната Конференција ги разменија плејмејкерите (првиот и последниот избор од Драфтот 2011): Кајри Ирвинг оди во Бостон а Ајзеа Томас во Кливленд.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
Со ваква брзина и техника на 12 години, Леброн дефинитивно дома го има својот потенцијален наследник во НБА лигата, кој често се истакнува со атрактивни потези.
На 28 години, сосема зрели за професионален спортист, да земеш да се боксуваш на пријателски дуел и поради тоа да скршиш рака и да пропуштиш големо натпреварување треба стварно да си цреп. Кој знае колку се изнервирал селекторот која го гледал видеото.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.
Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.
Кога во сезоната 2013/2014 го избраа за најдобар играч во регуларниот дел на НБА и ја понесе наградата МВП, Кевин Дурент признанието ѝ го посвети на мајка му. Со неа ја славеше и првата освоена титула во кариерата.
Еден од најголемите тешкаши во историјата на НБА, центарот Бен Волас, The Beast From the East стана шампион со Детроит во 2004-та, а играше уште и за Вашингтон, Орландо, Чикаго и Кливленд. Ќе го паметиме по страшните забивања и ѕверски блокади.
На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.
Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.
По пауза од една година тимот на Стив Кер повторно го освои шампионскиот прстен во најквалитетната кошаркарска лига во светот, вкупни петти во нивната историја. Вориорси се шампиони во 1947-ма, 1956-та, 1975-та, 2015-та и 2017-та година.
Имаме два идентични напади на Кливленд по ред на четвртиот финален натпревар од НБА лигата. Во првиот напад Леброн Џејмс е посматрач и одма влече поука и наоѓа начин како потоа да го измами Кари за да не ја украде топката по втор пат.
Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во финалето на НБА и сега одново се поставува прашањето ќе му се случи ли крах на Голден Стејт кој лани исто испушти водство од 3-1?
Сите беа убедени дека ќе ја куца, ама никогаш не знаеш со него на што си. Ова е еден од потезите кои се симбол на играта на незаменливиот Ем Џеј и кој долго време беше на најавните шпици. Зборуваме за вториот финален натпревар меѓу Чикаго и Лејкерски одигран пред 26 години. Безвременски потег.
Ако треба да се даде опис за тоа каков кошаркар беше, ќе му го препуштиме тоа на Тони Кукоч кој за него изјави: Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна.
Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до освојувањето на шампионската титула во НБА лигата откако го добија и третиот меч во финалната серија, овој пат на гости против Кливленд.
Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.