Италијанската кошаркарска репрезентација остана без својот најдобар играч Данило Галинари на престојното Европско првенство поради многу глупава причина. Тепачка.
На пријателската средба меѓу Италија и Холандија настана турканица меѓу Галинари и центарот на Лалињата, Јито Кок, а овој вториов доби бокс.
Колку тоа беше непотребно за италијанскиот репрезентативец, ќе сфатите сега.
„По извршените прегледи на Данило Галинари утврдена е скршеница на шаката на неговата десна рака. Неговото закрепнување се проценува на околу 40 дена, а тоа значи дека нема да може да биде во тимот за Евробаскетот 2017“.
Инаку Галинари има девет годишен стаж во НБА лигата и доста доволно искуство за да не наседнува на провокации на паркетот. Беше член на Њујорк Никс и Денвер Нагетс, а летовото направи трансфер во Лос Анџелес Клиперс и потпиша три годишен договор за сума од 65 милиони долари.
Нервите ги загуби во скроз погрешен период и освен што се истепа и си ја скрши раката, ја ослабе и својата репрезентација. Европското првенство се игра во четири земји: Финска, Израел, Романија и Турција од 31 август до 17 септември.
Снимка од тепачката