Тие пееле „пумпај“ за протести, тренерот на Црвена Звезда слушнал „Дубаи“

Пред крајот на првата четвртина од мечот Црвена звезда - Армани Милано, дел од гледалиштето во белградска Арена почнала да скандира „пумпај“, слоган што стана синоним за студентските протести против властите ширум Србија. После мечот, револтиран од тесниот пораз на црвено-белите, грчкиот тренер Јанис Сферопулос, тотално несвојствено викал: „Каков Дубаи!? Ние немаме уште победа во плејоф?! Каков Дубаи?!“

Тренерот на Црвена звезда сметал дека навивачите скандираат: „Дубаи“ а згрешил затоа што Фајнал Форот на Евролига се игра во Абу Даби (главен град на Обединети Арапски Емирати) а не во Дубаи. А и никој не скандирал „Дубаи“ туку „Пумпај“.

„Навивачите скандираа „Дубаи, Дубаи“, но тоа не е реално. Одиме чекор по чекор, како можеме да збориме за Ф4, кога оваа екипа досега нема победа во плејоф фаза на Евролигат? И јас сакам да бидам Формула 1 возач“, рекол Јанис Сферопулос.

Навивачката група Делије одамна официјално се огради од каква било поврзаност со едната или другата страна во политичката тензија во земјата.

14 март 2025 - 12:17