После 19 сезони и 4 шампионски титули, Игудала се повлекува од кошарката

Четирикратниот НБА шампион Андре Игудала ја заврши професионалната играчка кариера. Тој важеше за човек-титула односно играч за кого јавноста веруваше дека како адут од клупата го пресудува секое голем финале.

После 19 сезони во НБА, Андре Игудала за The New York Times рекол дека преоѓа во следна етапа во својот живот во улога на инвеститор во градежна компанија.

„Игудала ќе раководи со фондот Mosaic со капитал од 200 милиони долари колку што заработил заедно со својот дамнешен деловен партнер Руди Клај-Томас“, пишува Њујорк Тајмс.

Игудала беше избран од Филаделфија како 9-ти пик на драфтот 2004-та година и првите осум години од својата кариера ги одигра во составот на Сиксерс. Во сезоната 2011/2012 тој за прв и последен пат беше учесник на Ол-Стар мечот.

Во август 2012-та го трампаа во Денвер Нагетс во рамки на размена во која учествуваа четири екипи. Тогаш Двајт Хауард беше пратен во ЛА Лејкерс.

Андре Игудала одигра една година за Денвер Нагетс после што замина во Голден Стејт Вориорс како слободен агент.

Во втората сезона на Игудала „воините“ ја почнаа својата династија. Во 2015-та го победија Кливленд во финале на НБА и го освоија својот прв шампионски пехар за 40 години. Игудала беше избран за МВП на тоа финале во кое во просек имаше по 16,3 поени, 5,8 скока и 4,0 асистенции.

Во тимот на Голден Стејт Вориорс Игудала освои уште тир шампионски титули (2017, 2018 и 2022).

Вкупно во НБА одигра 1.231 натпревар во регуларниот дел од сезоната. Во просек имаше по 11,3 поени, со 4,9 скока и 4,2 асистенции.

21 октомври 2023 - 08:01