РИЧАРД ЏЕФЕРСОН
Крилниот кошаркар за својата ултра банална тетоважа раскажал дека ја направил случајно: Мајк Биби отишол да се тетовира и го викнал Ричард да му прави друштво. Тогаш 17-годишниот млад кошаркар на предлогот дали сака и тој тетоважа, без размислување рекол да. Му ги исцртале иницијалите, а тетоважата долги години била предмет на спрдња.
ДЕАНДРЕ ЕЈТОН
Тетоважа за која ни тој што ја правел не може со сигурност да каже што значи. А требало да биде натпис: „Доминејтон“.
ЏЕЈМС ЏОНСОН
Џонсон имал среќа што се занимавал со боречки вештини, па немало баш храбри да го исмеваат за тетоважата на врат која е реално мизерно изведена. Му пишува „НЕЈМИН“, името на неговиот син којшто се родил шест недели пред време.
БРЕД МИЛЕР
Високиот центар имал необична колекција тетоважи: сонце, ликови од цртан филм како Скуби Ду и други силуети како и јапонски букви.
ЛУК ВОЛТОН
Татко му на Волтон бил голем љубител на групата Grateful Dead. Син му од таа причина на грб тетовирал скелети кои се како симбол на групата, само со баскети во рацете. И оваа тетоважа се смета за една од поглупавите во НБА.
БОЛ БОЛ
Синот на легендарниот Мануте Бол, највисокиот кошаркар во историјата на НБА се решил да истетовира лик од цртаниот филм Сунѓерот Боб.
СТЕФОН МАРБЕРИ
НБА едно време го терала Марбери да носи лента на главата со цел да ја сокрие тетоважата со логото на Старбери чиј заштитен лик беше токму НБА ѕвездата.
ДЕРИК РОУЗ
Уште една голема суперѕвезда има исто спорни тетоважи. Така на едната рака има тетоважа со наводен кошаркарски волшебник Пухдини како што Роуз го викала баба му.
РОБЕРТ СВИФТ
Кошаркарот на некогашниот Сиетл со само нему разбирлива тетоважа.
КЕНИОН МАРТИН
ЛАМЕЛО БОЛ
Го доби еден од најскапите договори во НБА, 5-годишен вреден 260 милиони евра и стана еден од најплатените во историјата. Но тоа нема врска со глупавата тетоважа.
ДЕЖОНТЕ МАРЕЈ
Апропо насловот: