Во завршниците од кошаркарските натпревари, тренерите секогаш бараат тајм-аути на кои им ги даваат последните инструкции за клучните напади, но најверојатно тие грешат. Таков заклучок може да се изведе од анализата на статистичките податоци од НБА:
- На натпревари на кои има пет минути до крај и разликата е пет или помалку поени, играчите поентираат во 44,9% од случаите без тајм-аут, а по тајм-аут постигнуваат поени со 38,1% успешност.
- На три минути до крај и разлика од три или помалку поени, кошаркарите имаат ефикасност од 39,1% без тајм-аут, а по тајм-аут ефикасноста паѓа на 36,4%.
- На помалку од десет секунди до крај ос разлика во поени од три или помалку, ефикасноста е 31,1% без тајм-аут и 25% ако тренерот побара тајм-аут.
Постои и логично објаснување за овој пад во ефикасноста. Ако не се бара тајм-аут, екипите бргу трнуваат во напад и го користат моментот додека противничката одбрана не е поставена, па полесно поентираат. А ако тренерот побара тајм-аут, на противникот му дозволува да се организира и полесно да го одбрани нападот.