Лудата тројка на Лука Дончиќ која крена 20.000 луѓе на нозе

Во дербито на вечерта, Далас Маверикс после пресврт со 103:101 го совладаа Лос Анџелес Клиперс. Лука Дончиќ одигра уште еден сјаен дуел со 35 поени, 11 скока и 5 асистенции. Имаше 11/22 од игра, 9/17 за два поени и 2/5 за три. Запиша и по 3 украдени и загубени топки за 39 минути. Ова му беше 11 од 13 меча сезонава на кои постигна по најмалку 30 поени.

Интересно на 28 секунди пред крајот на натпреварот, Дончиќ од тешка позиција погоди важен шут за 101:99. „Имав среќа. Топката некако ме пронајде и само шутнав. Влезе во кош, па признавам дека имав среќа, но да го прифатиме ова во секој случај“, изјавил Лука после победата.

Покрај Дончиќ, ефикасни во тимот на Далас беа уште и Доријан Фини Смит со 21 поен, Динвиди со 16 поени, 3 скока и 6 асистенции, Кристијан Вуд со 15 поени и 7 скока и Реџи Булок со 13 запишани поени.

Кај гостите од Лос Анџелес, Пол Џорс очекувано поентерски лидер со 23 поени, 7 скока и 6 асистенции но и 10 загубени топки. Ник Батум додаде 22 поени со 5 скока, Маркус Морис додаде 18, а Џон Вол 17 поени.

16 ноември 2022 - 11:13