Оклахома го врати ударот во НБА финалето, триумф за 1-1

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со 123:107 ја совладаа Индијана Пејсерс во вториот натпревар од големото финале на НБА.

Оклахома Сити Тандер предводена од МВП-то на основниот дел Шеј Гилџес-Александер со 34 поени, 8 асистенции, 5 скока и 4 украдени топки ја совлада Индијана на свој паркет и израмни на 1-1 во серијата.

Интересно ова беше прва победа во големо финале за Оклахома после серијата со Мајами во 2012-та.

ШГА имаше голема помош и од Алекс Карузо кој даде 20 поени, од Џејлен Вилијамс кој уфрли 19 поени, пет скока и пет асистенции и Арон Вигинс кој додаде 18 поени. Чет Холмгрен имаше 15 поени и 6 скока.

Кај Индијана Пејсерс Тајрис Халибуртон стигна до 17 поени и шест асистенции, Мајлс Тарнер имаше 16 поени, четири скока и четири асистенции а Паскал Сијакам 15 ппоени, седум скока и четири асистенции.

Серијата сега се сели во Индијанаполис, третиот натпревар ќе се игра во ноќта меѓу среда и четврток. Тоа ќе биде прв дуел од НБА финале во Индијанаполис после цели 25 години!

9 јуни 2025 - 08:59