Кошаркарите на Мајами дефинитивно знаат како да играа плејоф. Ако во регуларниот дел играа топло-ладно и до крај не знаеа дали воопшто ќе влезат во плејофот, сега таму се ривал кој секој попрво би го избегнал.
Мајами Хит го заврши регуларниот дел од сезоната на осмо место, па преку плеј-ин стигна до разигрувањето а сега после големи патешествија води во големото финале на Истокот.
Во Масачусетс Џими Батлер и другарите направија брејк со триумфот 123:116 и сега водат со 1:0.
Џими Батлер постигна 35 поени со 7 асистенции, 6 украдени топки и 5 скока., а покрај него поентерски расположени беа уште и Бем Адебајо со 20 поени, а Винсент, Струс, Лаури и Мартин додадоа по 15.
Кај Селтикс јунакот од полуфиналето со ’76, Џејсон Тејтум запиша 30 поени и 7 скока, Џајлен Браун постигна 22 поени, Брогдон 19 а Смарт 13. Бостон и на вториот меч ќе биде домаќин.