Нов циркус во НБА, фрлање на паркет и 6 исклучувања

Мајами Хит го совлада Хјустон на гости 104-101. Најефикасен кај победникот беше Тајлер Хиро со 27 поени, 6 скока и 9 асистенции. Но токму Хиро беше дел од една немила сцена која донесе дури шест исклучувања.

На 30 секунди пред крајот од мечот нервозниот Амен Томпсон го фати за дрес Тајлер Хиро и го фрли по паркетот. Во истиот момент на Амен му скокна Розије и други играчи на Мајами и настана прав хаос. На крајот судиите ги исклучија Хиро, Томпсон, Џејлен Грин, тренерот на Хјустон Удока и неговиот помошник Бен Саливен, како и Розие и Фред Ван Флит.

30 декември 2024 - 10:02