Ако ги погледнете последните 15 години во шесте најсилни кошаркарски лиги во Европа, ќе забележите дека само два пати немало тренер од Балканот кој не успеал да освои шампионска титула во некое од првенствана во Шпанија, Турција, Грција, Германија, Русија и Италија.
Најуспешни беа 2003 и 2008 година кога дури четири од овие шест првенства ги освојувале стратези од бившите ју простори. Во 2003-та Жељко Обрадовиќ со Панатинаикос ја освои Грција, Дуда Ивковиќ со ЦСКА Москва беше најдобар во Русија, Емир Мутапчиќ со Алба Берлин ја освои Германија и Светислав Пешиќ, со Барселона победи во Шпанија.
Нивното знаење Европа добро го препознава и го наградува со признанието „Александар Гомељски“ кое се доделува за тренер на годината од 2005-та. Жељко Обрадовиќ оваа наградата ја освои во 2007 и 2011 година, Душко Вујошевиќ во 2009 и Дуда Ивковиќ во 2012-та.
За оваа година признанието за најдобар тренер отиде во рацете на Пабло Ласо, а Саша Обрадовиќ беше прогласен за трет најдобар тренер во Европа.
Следната година во Евролига ќе има седум тренери од Балканот. Александар Ѓорѓевиќ (Панатионаикос), Душан Ивковиќ (Ефес Пилсен), Дејан Радоњиќ (Црвена Звезда), Јасмин Репеша (Милано), Велимир Перашовиќ (Каха Лаборал), Светислав Пешиќ (Баерн Минхен) и Жељко Обрадовиќ (Фенербахче).
Обрадовиќ со турскиот клуб каде за засилување го доби Антиќ ќе брка деветта европска титула во својата кариера. Евролигата по еднаш ја освои со Партизан, Јовентут Бадалона и Реал Мадрид и пет пати со Панатинаикос.
Титулите на балканските тренери во шесте најсилни европски лиги во последните 15 години:
2001 – Жељко Обрадовиќ (Грција), Емир Мутапчиќ (Германија)
2002 – Душко Ивановиќ (Шпанија), Драган Шакота (Грција), Емир Мутапчиќ (Германија)
2003 – Светислав Пешиќ (Шпанија), Жељко Обрадовиќ (Грција), Емир Мутапчиќ 9Германија), Душан Ивковиќ (Русија)
2004 – Светислав Пешиќ (Шпанија), Жељко Обрадовиќ (Грција), Душан Ивковиќ (Русија)
2005 – Божидар Маљковиќ (Шпанија), Жељко Обрадовиќ (Грција), Душан Ивкоиќ (Русија)
2006 – Жељко Обрадовиќ (Грција), Саша Обрадовиќ (Германија)
2007 – Жељко Обрадовиќ (Грција)
2008 – Невен Спахија (Шпанија), Боган Тањевиќ (Турција), Жељко Обрадовиќ (Грција), Лука Павичевиќ (Германија)
2009 – Жељко Обрадовиќ (Грција), Предраг Крунчиќ (Германија)
2010 – Душко Ивановиќ (Шпанија), Богдан Тањевиќ (Турција), Жељко Обрадовиќ (Грција)
2011 – Невен Спахија (Турција), Жељко Обрадовиќ (Грција)
2012 – Душан Ивковиќ (Грција)
2013 /
2014 – Жељко Обрадовиќ (Турција), Светислав Пешиќ (Германија)
2015 /