Перо Антиќ:

Мојата кариера не почна со чартер летови, туку со автобусите на ЈСП

Секогаш е оригинален, отворен и никогаш не заборава како почнал. Нема интервју кое не го бои со доза на хумор. Почитуван е секаде, ама и тој знае да почитува, без разлика што има тренер кој е помал од него. За крајот на кариерата вели дека ќе го послуша советот на татко му.

По што ќе ја паметиш 2017-та?
 
Годината ќе ја паметам најмногу по кам бекот во финалето од Евролигата со Фенербахче и победата, како и враќањето во Звезда и во семејството. Тоа се најважните работи. Ова ми е веројатно една од најдобрите години во кариерата. Може да се спореди со онаа кога бев во Олимпијакос, но сум задоволен, се надевам дека и следната ќе биде добра.
 
Како ти изгледа во Звезда после пет месеци?
 
Супер. Напорно е малку поради тренинзите за моите коски, но тимот е млад и тоа е добро.
 
Во НБА се навикна на чартер летови, во Фенербахче исто и сега повторно такви патувања?
 
Не почнавме сите со чартери, туку со автобусите на ЈСП, а знам како беше во Звезда претходниот пат. Ќе се навикнеш, знаеш од каде доаѓаш и со хемијата која ја има овој тим забораваш на тие работи.

Во што напредна Звезда од првиот пат кога беше тука?
 
Во маркетингот и резултатите. Соблекувалната и хемијата се исти. Имавме и тогаш одлична хемија. Звезда е Звезда. Имаме тренер и сјајни играчи.
 
Се знае која е твојата улога во тимот.
 
Кога дојдов зборував со Душан Алимпијевиќ. Идејата беше да се помогне на некои натпревари каде што треба и со моето искуство да им помогнам на младите со по некој совет. Се обидувам да го правам тоа и мислам дека до сега ми оди добро.

Дали си и помошник тренер на терен?
 
Не сум помошник на терен, не ме платиле за тоа, хаха. Само играч. Сè е професионално што се случува и според договорот.
 
Ова е ти е веројатно прв пат во кариерата, тренерот да е помлад од тебе? Разлика од четири години.
 
Нема врска тоа, јас сум Балканец. Колку и да има години, тренер е тренер. Тој е газда, лидер на тимот, сите го слушаме него и тоа е тоа. Човекот има познавање и само треба да биде трпелив, ова му е прва година во Евролигата и оствари резултати кои никој не ги очекуваше. Човекот знае кошарка, работи цело време и опседнат е со неа. Секоја чест за тоа.

Можеше некаде да се слушне дека Жељко Обрадовиќ имал 31 година кога почна со тренерска кариера, може ли Алимпијевиќ со слични чекори?
 
Дај боже. Жељко многу го почитува, разговараа, имаа состаноци. Треба и среќа. Дуле има знаење. Ќе видиме, треба и коцките да се поклопат. Жељко е Жељко, а Дуле е Дуле. Тој треба да изгради своја кариера, да учи од нив и полека да ги стигне.
 
Сезоната во Евролигата оди добро, а тебе во сите поранешни клубови те пречекуваат добро.
 
Ја само сакам да се пензионирам, но не ми ја дадоа таа можност, туку само испраќање. Секогаш се врзувам за клубовите и секогаш давам сè од себе. И брат ми да игра во другата екипа, тоа нема врска и јас давам максимум, а после натпревар се гушкаме. Секогаш живеам за тој тим, тие тоа го почитуваат и не го забораваат.
 
По доаѓањето рече дека ова ти е веројатно последна сезона, остануваш на тоа?
 
Да почекаме. Ќе играм кошарка додека уживам. Тоа ми го кажа татко ми кога почнував. Играј додека се смееш и уживаш.
 
28 декември 2017 - 13:11