Луда тројка на Будуќност, во последна секунда ја урнаа Црвена звезда

Бекот на подгоричка Будуќност Мекинли Рајт со луда тројка со звукот на сирената ја реши мајсторката против Црвена звезда (81-78) и ја однесе својата екипа во големото финале каде ги чека Партизан. Будуќност и Звезда играа израмнет решавачки дуел во полуфиналето во Подгорица, сè до последна секунда кога следуваше ова:

Голем дел од трибините во салата „Морача“ беа затворени поради инцидентите што се случија на претходните натпревари во разигрувањето за титулата.

2 јуни 2025 - 09:46