Сè уште нема информации колку време ќе отсуствува Лука Дончиќ. Тренерот на Лејкерс Џеј-Џеј Редик после натпреварот потврди дека Лука е повреден.
Лејкерс се вратија дома после неверојатно исцрпувачки 8 гостувања и ја прекинаа серијата од 5 триумфи на Филаделфија.
„Почуствува болка во задна ложа. Почуствува дека не може да се врати назад во игра а не правеше ни медицинска пауза, така што го задржавме надвор. Прерано е да се каже дали повреда или само незгодно истегнување“.
Лука Дончиќ сезонава имаше пар повреди кои го отстранија од паркетот на неколку натпревари но кога е на терен тој блеска и во просек со 33,4 поени по натпревар, 7,9 скока, 8,7 асистенции и 1,5 украдена топка во просек што е негова најдобра сезона откако е во НБА.
Неговото отсуство синоќа во целост го надомести Остин Ривс кој блескаше со 35 поени, 6 скока и 2 асистенции. Леброн Џејмс имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока со 4 асистенции. Одлична вечер имаа и Руи Хачимура и Џејк ЛаРавија со по 14 поени.
Жоел Ембид беше најефикасен кај Филаделфија со 35 поени и по 7 скока и асистенции. Тајрис Макси постигна 26 поени а имаше и 13 асистенции. Еџкомб уфрли 19 поени со 10 скока за дабл-дабл учинок.
Ова е 31-ва победа за ЛА Лејкерс во основниот дел а имаат и 19 порази. Таков учинок има и четвртопласираниот Хјустон Рокетс со кого се во потрага по третопласираниот Денвер Нагетс.
Прва на Западот и натаму убедливо е Оклахома Сити Тандер со 40 победи и 12 порази, а Сан Антонио Спарс е втор со 35-16.