Казинс ја провоцираше публиката па до полевање со пиво

Некогашната НБА ѕвеза Демаркус Казинс е исклучен и исфрлен од натпревар во првенството на Порторико по една голема расправија со навивачите која ескалираше во физички судир додека Американецот го напушташе паркетот.

Демаркус Казинс (34) има четири настапи на Ол-Стар во НБА лигата а веќе некое време игра за тимот Вакерос де Бајамон. Во минатото играше за седум НБА тимови меѓу кои Сакраменто Кингс и Денвер Нагетс а потоа отиде во Тајван па во Монголија и во Порторико.

10 јуни 2025 - 09:37