Како Иван Перишиќ си вшета на Партизан - Звезда и ги изненади сите

Прославениот хрватски фудбалер и голема ѕвезда на Баерн Минхен, Интер, Волфсбург и Тотенхем, синоќа од први редови го следеше вечното белградско дерби Партизан - Црвена Звезда во белградска „Арена“.

Кошаркарските натпревари на Црвена Звезда и Партизан станаа магнет за многу јавни личности од Европа. Нивните натпревари во Евролига ги следат во просек по 20.000 гледачи, а особено спектакуларни се нивните меѓусебни борби.

Така сезонава се погоди во рок од само 5 дена два пати меѓу себе да играат црно и црвено белите. Партизан славеше и во Евролига минатата недела и синоќа во понеделникот вечер во АБА лига.

Веднаш до паркетот во ВИП места беа поранешниот хрватски и бразилски кошаркарски селектор Александар Петровиќ кој не пропушта да ги следи и коментира белградските вечни ривали, а до него неочекувано седеше Иван Перишиќ.

Хрватскиот фудбалер дошол најверојатно во друштво со Бастијан Швајнштајгер, германскиот фудбалер кој освои Светско првенство и Лига шампиони со Баерн Минхен.

Хрватските медиуми нагаѓаат дека тој можеби е дојден на лекување кај мистичната Маријана која во последните две децении на чудесен начин со коњска плацента опорави еден куп светски ѕвезди како Дрогба, Торес, Балак, Лампард, Тери и многу други.

Во салата имало изненаденост кога го здогледале Перишиќ:

31 октомври 2023 - 09:38