Јокиќ му подари баскет на газдата на Феникс Санс во знак на помирување

Денвер Нагетс и Феникс Санс играат супер дуели во полуфинале на НБА плејофот. Нагетс во моментов водат со 3:2 во серијата откако синоќа победија на свој терен. Никола Јокиќ беше главен актер на мечот со нов трипл-дабл учинок. Пред натпреварот тој му пријде на газдата на Феникс, Мет Ишби кој седеше во први редови, му подари кошаркарска топка и му се извини за епизодата од претходниот дуел.

Јокиќ на претходниот меч во Аризона изреагира луто откако Мет Ишби го држеше баскетот во раце при еден прекин и го оттурна. Иако се шпекулираше дека раководството на НБА ќе му изрече суспензија, Србинот куртули и тоа најмногу благодарение токму на Мет Ишби кој твитна:

„Голема победа на Санс синоќа во неверојатната серија до сега. Ова треба да биде единствена приказна. Суспензија или казна за некого поради синоќешниот инцидент не би била во ред. Имам огромна почит за Јокиќ и не сакам да видам ништо такво (казна). Возбуден за петтиот меч. Напред Санс“, напиша Ишбиа.

Јокиќ доби парична казна од 25.000 долари од НБА лигата зошто влегол во конфронтација и физички дуел со некој навивач, а доби можност да настапи на петтиот меч.

Пред натпреварот синоќа Јокиќ му пришол на Мет Ишбиа, се гушнале и во знак на помирување и извинување му подарил баскет.

А во јавување после мечот во емисија кај Шек и Баркли, Јокиќ се пошегува за епизодата и рече: „Мислев ќе ми ја плати казната па затоа“:

Трипл-дабл на сјајниот Јокиќ, Денвер на чекор од финале

Јокиќ купил некои шпански финти и фори

10 мај 2023 - 10:13