Јанис Антетокумбо уште нема дозвола од Милвоки за Европско

Грчката кошаркарска репрезентација со недели го чекаше својот лидер и капитен, НБА ѕвездата Јанис Антетокумпо да им се приклучи пред Европското првенство кое почнува на крај на август. Тој пристигнал но уште нема зелено светло од НБА франшизата.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Сега од САД стигнуваат вести дека Милвоки Бакс, тимот на Антетокумбо уште не му дозволува на нивниот главен играч да настапи за Грција летово на Европско првенство.

Јанис секогаш се огласуваше на повиците кога беше во можност и доаѓаше да го носи дресот на Грција.

Наводно Грците уште не го уплатиле во целост потребното осигурување и поради тоа Јанис не добил дозвола за настап од Милвоки. Тој лично изразил голема желба да ига на Европското заедно со Лука Дончиќ и Никола Јокиќ но за сега нема најава дека ќе добие зелено светло.

Според договорот на НБА и ФИБА, на играчите им е дозволено да тренираат со репрезентацијата 28 дена пред првенство (Европско или Светско), а со оглед на тоа што Грција ќе игра на 28-ми август, Јанис имал дозвола да тренира и игра од 1-ви август.

Милвоки Бакс му забраниле и тој сега самостојно тренира. Осигурувањето кое Грците го уплатиле не покрива операција во случај на повреда што ги загрижува Бакси и тие не би сакале да ризикуваат.

Но Јанис веќе е во Солун, со репрезентацијата и чека дозвола.

14 август 2025 - 10:00