И 13 години подоцна, најлудата тројка на Кецман уште се прераскажува

На 25. април 2010-та година, неверојатната генерација на КК Партизан предводена од Душко Вујошевиќ и Бо Мекејлеб на паркетот, ја совлада Цибона среде Загреб со најлудата тројка постигната на овие простори. На 0,6 секунди до крајот додека домашните играчи и навивачи се радуваат, Душан Кецман ја фрла топката далеку од кош до кош.

„Кога изведував се мислев дали да му ја фрлам на Робертс кој беше на другата страна од теренот или на Кецман кој толку ја сакаше топката што викаше ’Дај ми ја, дај ми ја само да опалам’. И јас му ја подадов“, вели Александар Рашиќ.

Повеќе за оваа луда тројка за српското издание на БиБиСи раскажаа самите автори на мечот. Таа генерација на Партизан стигна дури до Фајнал Фор на Евролига во Париз.

Вечерва црно-белите ги чека првиот меч од четвртфинале на Евролига против големиот Реал во Мадрид.

 

 

25 април 2023 - 15:03