Губиш 3 разлика на 4 секунди до крај, што ти останува?

Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс одиграа спектакуларен натпревар синоќа во НБА. На крајот Милвоки Бакс имаше предност од 3 поени на 4 секунди пред крајот а Индијана имаше последен напад. Акцијата им беше нацртана за нивниот лидер, 25-годишниот Тајрис Халибартон кој погоди неверојатна тројка и тоа под фаул за дополнително слободно фрлање од Јанис Антетокумбо.

На крајот Халибартон имаше 14 поени и 10 асистенции а Јанис Антетокумбо 19 поени, 17 скока и 7 асистенции. Интересно и двете екипи и Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс имаат по 36 победи и 28 порази и се на 5-то односно 4-то место со речиси сигурен пласман во плејофот.

13 март 2025 - 14:52