Газдата на ПАО се влечеше со полиција

Дерби дуелите Олимпијакос - Панатинаикос се некогаш на живот или смрт па кога се игра за титула, најчесто во овој период од годината, тензиите се поголеми. Сега во финалето на грчката Суперлига резултатот е 1-1. Олимпијакос синоќа на свој паркет возврати, славеше 91:83 и израмни во серијата. која се игра до 3 победи. Следниот дуел е во среда во ОАКА од 20.00 часот.

Во четвртата четвртина после една судиска одлука, тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман направи прекин, им се сипа на судиите па го исклучија. После на прес-конференција изјави дека нема никогаш да дозволи некој да пее: „Е** ја Турција“ како што му пееле некои навивачи на Олимпијакос.

Неговиот ортак во делото, газдата на Панатинаикос уште пред неколку дена најави дека ќе дојде во салата на Олимпијакос на реваншот. Наводно дошол со ќерка му а уште на почеток според негово тврдење му правеле проблем при влезот.

Кога влезе во салата сите навивачи на Олимпијакос му скандираа навредливи песни па се жалеше кај делегатите и проба да направи циркус.

Потоа после мечот во голем хаос полицијата пробала да го изнесе надвор а тој пружал отпор и во еден момент избегал со обезбедувањето.

„Сега гледате дека живееме во држава на Олимпијакос“, рекол во едно од бројните објавени видеа доцна во ноќта.

Најинтересните моменти од мечот:

 

 

2 јуни 2025 - 09:58