Во НБА има ноќи кои засекогаш ќе останат во сеќавање на навивачите. Понекогаш тоа се и индивидуални партии кои ја одбележуваат кариерата на еден играч кој блеснал на врвот. Ноќи кога цел фокус на јавноста и навивачите е свртен кој тој кошаркар.
Таков синоќа беше Жоел Ембид, Камерунецот кој има француско државјанство, главната ѕвезда на Филадефија ’76. Камерунскиот центар веќе неколку сезони игра страшно добро и заслужено редовно е кандидат за МВП награда.
Но она што го одигра синоќа беше лудо: мечот со Јута Џез го заврши со 59 поени, 11 скок и 8 асистенции, 1 украдена топка и дури 7 блокади.
Ова е рекорд на кариерата на Ембид кој никогаш претходно не постигнал волку поени, а редовно речиси секоја вечер е меѓу тројцата-четворица најефикасни поентери.
Притоа снажниот центар им донесе втора победа по ред на Сиксерси кои сега имаат учинок 7-7 и тоа два триумфи без повредениот Џејмс Харден а особено победа против едно од најголемите изненадувања во НБА во моментов (џезерите имаат 10-5) и се на високо четврто место на западот.
Жоел Ембид само во последната четвртина имаше 26 поени, 3 скока и 5 блокади. Единствен кој во тој период постигнал поен за Фила покрај Ембид бил и Дануел Хаус ЏР и тоа само 1 поен.
На помалку од 7 минути пред крајот на мечот, на семафорот стоел резулатот 92-90 за Филадефпија. Од тој момент па до крајот Ембид уфрлил 13 поени па Лаури Марканен и тимот на Вил Харди немал решение за него.
Суперѕвездата на Филаделфија која неодамна најави дека би можел да игра за Франција на Олимписките Игри следната година зошто има право според државјанство и пасош од оваа земја, шутирал синоќа 19/28 од игра, 1/5 за ти поени и 20/24 погодени слободни фрлања.
Во овој спектакуларен последен период, имал 7/8 од игра и 12/15 од слободни фрлања. Успеал да биде импозантна фигура во нападот а во одбраната да го сопре нападот на Јута Џез. Интересно, на Ембид му требале уште 2 асистенции и 3 блокади да направи квадрипул.
На крајот силниот разбивач постигнал дури 41 поен повеќе од вториот стрелец во Филаделфија, Тајрис Макси кој запишал 18 поени (8/24 шут). Кај Јута најефикасен бил Малик Бизли со 18 поени.
Интересно, Ембид можел да постигне повеќе од 60 поени но не успеал. Го фатил последниот скок во одбрана и тргнал кон противничкиот кош но решил да се држи до непишаното правило кое вели дека ако е предноста доволно голема (во тој момент била 105-98), да не се трча по нови поени од почит кон ривалот.
Тајрис Макси го терал Ембид да забрза и да постигне уште еден кош иако овој веќе го имал рекордот на кариерата.
На крајот кога ќе се повлече црта: Ембид постигнал 56% од поените на Сиксерс и станал единствен играч во НБА со учинок 50-10-5-5. Во последните две победи на неговата Филадефлија, Ембид дал 101 поен вкупно (против Атланта Хокс и Јута Џез). И има 12 поени повеќе одколку што има Бен Симонс вкупно сезонава на повеќе од 10 меча.
Ова се само некои од податоците на најдобриот индивидуален учинок кој го видовме сезонава, еден од најдобрите во XXI век и веројатно најдобар во Сиксерс уште од пензионирањето на Ален Ајверсон.