Џек Николсон се фатил со браќата на Јокиќ

Денвер Нагетс убедливо го води ЛА Лејкерс до 3:0 во серијата и е на праг од големо историско финале во НБА. На последниот дуел, одигран во Лос Анџелес, каде Никола Јокиќ и другарите го освоија противничкиот терен за нов триумф, браќата на Србинот, од трибините на крајот имале вербален дуел со славниот холивудски актер Џек Николсон.

Браќата на Јокиќ, Немања и Страхиња во еден момент по крајот на средбата се прозивале со Џек Николсон а едниот од нив му довикнал на актерот: „Се гледаме следната година“

22 мај 2023 - 09:55