Дурент: „Како да не славиме, ова е ноќ која сите ќе ја паметиме цел живот“

Еден од најсилните тимови во историјата, некои би рекол појак дури и од Дрим тимовите 1992 и 1996, синоќа беше на раб на испаѓање. Минути ги делеа страшните НБА ѕверки од болна елиминација. Но направија пресврт и едвај ја совладаа Србија 95-90. Славјето на паркет после сирената говореше колку многу им значел триумфот во полуфинале на Олимписки Игри. А некои од нив имаат по 3-4 олимписки злата.

Кевин Дурент на Олимпискиве Игри игра стихијно, па наеднаш блеснува. Така во првиот меч од групна фаза против Србија постигна 20 поени со беспрекорен шут од игра. Синоќа во полуфинале го немаше речиси цел натпревар за да во финишот со неколку поени во серија од дистанца кога се кршеше резултатот, им донесе на САД предност.

Дурент, повеќекратен НБА шампион, МВП на финале и повеќекратен Ол-Стар играч, веднаш после мечот во изјава за новинарите рекол:

„Учествував во една од најдобрите натпревари некогаш одиграни. Некој мораше да се истакне а тоа вечерва беше Стеф Кари. Неговата партија беше најдобра на турнирот до сега. Беше неверојатно да се гледа како ги погодува сите тие шутеви. Ембид исто беше одличен. Ова беше една од најнезаборавните натпревари. Јокиќ беше неверојатен, тој прави работи кои никој друг не ги може, Боги (Богдановиќ) исто беше одличен. Му го заборавив името, но играчот со број 13 (Добриќ) одигра неверојатно! Цел тим играше сјајно, висок ниво на кошарка во целост“.

После натпреварот бил во друштво со мајка му со која е во Париз.

„Дај човеку, како да не славиме ваква победа?! Гледај ни ги семејствата тука. За ова се работи. Сите сме овде заедно, на другиот крај на светот. Дел од трибините со наши навивачи почнува да вика: „САД, САД!... Ова е посебна вечер, мора да славиме.

Знам дека одиме на злато, но мора да ги славиме и овие мали моменти... Ви гарантирам, сите ќе ја паметиме оваа ноќ до крајот на животот. Толку е посебно сево ова. Се вративме, покажавме колку во таа последна четвртина бевме заедно. Беше неверојатно“, заклучил Дурент во друштво со мајка му Ванда која го бодри во Париз.

Стив Кер: Ми беше чест што бев дел од еден ваков натпревар

Сантиметри ја делеа Србија од сензација, САД во финале со Франција

9 август 2024 - 11:34