На Јокиќ, Богдановиќ и другарите, цел живот ќе им ѕвони во глава пропуштената шанса против САД во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.
Натпревар кој ќе се памети, не толку поради пресвртот, колку по неверојатната игра која ја пружија против големиот фаворит за златото. Стив Кер бил многу добро свесен за тежината на мечот.
„Им кажав на нашите тренери дека ова ќе биде најтешкиот натпревар на турнирот. Токму ова е тоа што го очекував. Србија е толку добар тим, толку добро управуван. Никогаш не е лесно да се победи ист тим, три пати во краток временски период. Го мразев тоа, бидејќи чувствував дека сега ќе биде многу тешко“.
Безпоштедно го испофали противникот.
„Србија одигра совршен натпревар. Погодија толку многу тешки шутеви. Алекса Аврамовиќ погоди четири тројки во првото полувреме, тоа не се очекуваше. Но, тоа е моментот, тоа е Олимпијада, играчите беа брилијантни, испорачаа игра под притисок. Сјајен тим. Тим со класа. Играат толку тврдо и толку заедно“.
На легендарниот играч од Чикаго Булс кој со Џордан и Пипен се радуваше на НБА титули во 90-те, му било чест што бил дел од ваков натпревар.
„Искрено, Србите ме направија скромен, навистина скромен. Ми беше чест што бев дел од овој меч. Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот. Се разбира, среќен сум што победивме. Видов некои српски играчи како плачат после натпреварот. Се чувствував ужасно затоа што направија сè. Играа прекрасна кошарка“.
Дали се плашел од пораз?
„По ѓаволите да. Бев загрижен цел натпревар и цел ден. Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во светот, а српската репрезентација секогаш знае како да игра. Тврди се, паметни. Овој тим не им е најдобар во шутерска смисла, ако споредиме со претходните. Но вечерва тројките им беа неопходни и ги дадоа. Мислам 15 ако не се лажам. Ми изгледаше како да го погодија секој важен удар. Имавме доволно време да се вратиме и да победиме, но беше толку тешко, беа неверојатни“.
Сантиметри ја делеа Србија од сензација, САД во финале со Франција