Далас Маверикс му направи потоп на Оклахома Сити, еден од фаворитите во Западната конференција со убедлива победа од 35 поени разлика (146:111).
Лука Дончиќ одново беше маестрален со 32 поени, 8 скока, 9 асистенции и неколку јаки потези кои се уживање за кошаркарско око.
Словенецот сезонава игра како во транс и од натпревар во натпревар се наметнува за признанието МВП на сезоната.
Синоќешниот учинок го оствари за нешто повеќе од 30 минути и веќе во првaта четвртина имаше постигнано 18 поени.
Си ги возеше противниците како сака, а најлошо помина Лу Дорт кој прво го прати по цигари, а потоа во соблекувална. Ене го, уште не е вратен.
Luka Dončić fait disparaître Luguentz Dort avec cette feinte ! 🎯
— Ball Time (@BallTimee) February 10, 2024
(🎥 : @NBA)pic.twitter.com/6fsmd2XCwy
Игранка под кош со примеси на Мајкл Џордан.
Typical yet magical stuff by Luka Doncic 😏pic.twitter.com/KGMvsreKSh
— BasketNews (@BasketNews_com) February 11, 2024
Цепелиниште за сите пари од пола терен
Luka Doncic throws it up to Derrick Jones Jr. from HALF-COURT 😱
— ClutchPoints (@ClutchPoints) February 10, 2024
pic.twitter.com/cO9M3fILmV
И уште еден цепелин
Daniel Gafford's first bucket with the Mavs is a LOB from Luka Doncic 😤pic.twitter.com/ayPBWntrFD
— ClutchPoints (@ClutchPoints) February 10, 2024
На Дончиќ Лејкерси му се инспирација за импресивни проигрувања