Денвер пак изгуби од Минесота, Јокиќ пак заби за публика

Никола Јокиќ постигна 34 поени со осум скока и четири асистенции и повторно немаше голема поддршка од своите соиграчи. Денвер Нагетс изгуби 115-95 на свој терен од Минесота Тимберувлс, екипа која трет пат по ред ги совладува Нагетс кои ги елиминираше и лани од плејофот. Ентони Едвардс со 29 поени, четири скока и шест асистенции беше најефикасен кај Минесота, Џулиус Рандл даде 25 поени, а Руди Гобер имаше дабл-дабл со 11 поени и 10 скока.

13 март 2025 - 12:09