Чикаго Булс отпушти свој играч зошто зборувал против промоција на ЛГБТ

Трофејниот Чикаго Булс во понеделникот го отпуштил својот играч Џејден Ајви кој само што стигна во Чикаго пред крајот на рокот за трејдување во НБА. Ајви важи за мошне талентиран кошаркар, во 2022-ра беше петти пик на драфтот во НБА и извесно време беше важен играч во Детроит Пистонс.

Нему му засметало што НБА лигата има „месец на гордоста“ кога се промовираат правата на ЛГБТ заедницата.

„Светот промовира ЛГБТ, зар не? Го промовираат 'месец на гордоста' како и НБА. Го покажуваат тоа на светот и повикуваат на славење безбожност. Го промовираат тоа на билборди, на улици... Безбожништво!“, рекол Џејден Ајви на едно јавување во живо на Инстаграм минатата недела.

Чикаго Булс му дал отказ.

„Булси ми кажаа дека мојот потег му наштетил на тимот. Зошто само не кажаа дека не се сложуваат со мене околу ЛГБТ? Како тоа мојот однос и штети на екипата? Што им сторило на тимот и на играчите? Не сум правел ништо друго освен да тренирам со нив, да играм со нив, да им додавам, да им кажам одлично додавање, одлична игра брате! Како тоа сум ѝ наштетил на екипата? Не сум јас Џеј Ај каков што бев, стариот е мртов. Жив сум во Христос па каква и да било ситуација во кошарката“, вели Ајви.

Тој во сезоната 2024/2025 настапил на само 30 натпревари поради проблеми со повредено колено а поради големи болки во коленото сезонава ја завршил предвреме.

Тренерот на Чикаго Булс по повод целиот случај со кошаркарот рекол дека франшизата се надевала дека Ајви ќе биде долгорочно решение кога дошол во Булс во февруари.

„Постои одреден ниво на очекувања и стандарди. Сите доаѓаат со некои свои искуства, но мораме сите да бидеме професионалци и да бидеме на високо ниво и да се почитуваме едни со други. Мораме да си помагаме едни со други за да останеме при тие стандарди“, рекол тренерот на Чикаго Булс Били Донован.

Мајка на Џејден Ајви е Нијел Ајви, некогашната кошаркарка од женската НБА и шампионка од 2001-ва која сега е тренер во Нотр Дејм. Таа беше и помошник тренер во женскиот состав на Мемфис Гризлис. Татко му Џевин Хантер три години играл во НФЛ лигата за Балтимор, Каролина и Сан Франциско.

31 март 2026 - 09:36