Во НБА последниве сезони играат буквално секакви кошаркари и нивото на игра дефинитивно не е како што беше. Кенион Мартин Џуниор, синот на некогашната НБА ведета Кенион Мартин, сега настапува за Јута Џез. Во дебаклот на неговиот тим против Мемфис Гризлис 140:104, Мартин Џуниор имал огромно промашување при еден обид за три поени.