Блескавото издание на Адетокунбо кој го исфрли европскиот првак

Грција ја совлада Шпанија со 90:86, што значи Европа ќе добие нов првак во кошарка. Шпанците за прв пат по 1977-ма не успеваат да мина групна фаза и тие се прва селекција после Германија која пред 30 години беше елиминирана на стартот како бранител на титулата. Јанис Адетокунбо беше незадржив и на само една асистенција до трил-дабл. Мечот го заврши со 25 поени, 14 скока и 9 асистенции.

Од триумфот на Грција профитираше и поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ, кој како селектор на Грузија заврши четврти во групата Ц, а тоа значи пласман во осминафинале. 

5 септември 2025 - 08:55