Бие Јокиќ ама бие и Шеј Гилџес: лидерот на Оклахома урна рекорд на Чемберлен стар 63 години

Актуелниот шампион во НБА Оклахома Сити Тандер меле сè пред себе. По краткиот период кога поради некои отсуства играа топл-ладно, „громовите“ како апсолутен лидер во лигата имаат 7 победи по ред. МВП-то на лигата Канаѓанецот Шеј-Гилџес Александер забележи нов рекорд.

Популарниот ШГА кој ја држи МВП наградата и е кандидат за нова, урна рекорд на Вилт Чембрлејн стар повеќе од шееесет години откако запиша 127-ми натпревар по ред на кој постигнува најмалку 20 поени во НБА лигата.

Шеј Гилџес-Александер на 7,04 минути до крајот на третата четвртина од дуелот Оклахома Сити Тандер - Бостон Селтикс надмина 20 поени и доби големи овации во „Пејком Центарот“ во Оклахома. Навивачите скандираа: „МВП, МВП!“ додека тој стигна до 127-ми натпревар по ред на кој дал најмалку 20 поени.

На крајот го заврши дуелот со 35 поени и девет асистенции во славјето на Оклахома Сити Тандер 104-102 против Бостон Селтикс.

Оваа неверојатна серија на Гилџис-Александер започна уште на 1-ви ноември 2024-та година. Досега тој на 127 натпревари од тогаш бележи во просек по 32,5 поени по натпревар.

Рекордната серија на Вилт Чембрлен датирала од 19 октомври 1961 до 19 јануари 1963-та година.

Легендарниот Чембрлен сè уште ги држи рекордите за најдолги серии со постигнати 30 поени (65 натпревари по ред), 40 поени (14 натпревари по ред), 50 поени (седум натпревари по ред) и 60 поени (четири натпревари по ред).

Минатата година тој беше најдобар стрелец во лигата а во моментов е втор на листата со 31,8 поени по натпревар. 

Досега ниту еден друг НБА играч не постигнал најмалку 20 поени на 80 натпревари по ред. Оскар Робертсон стигнал до 79 натпревари по ред на кои давал најмалку по 20 поени, а Кевин Дурент и Мајкл Џордан на оваа листа стигнале до по 72 натпревари по ред на кои имале 20+ поени.

13 март 2026 - 09:43