Кец у два

Тикет на колото

И овој викенд имаме богата понуда на натпревари од најсилните европски лиги од кои го составивме добитниот тикет.

Тикет на колото

Викендов започнува и италијанската Серија А со што се зголемува и изборот за натпревари од кои ќе го составиме нашиот добитен тикет.

Кој ќе го сопре Јувентус?

Викендов започнува и новата сезона во италијанската Серија А каде по егзодусот на ѕвездите, екипите конечно почнаа да купуваат звучни имиња, но конкурентноста во лигата не се зголеми и Јувентус ќе атакува на третата титула во низа.

Тикет на колото

Минатата сезона ја завршивме со висок процент на успешност и солидна позитива на салдото, па со почетокот на натпреварите во посилните лиги и ние започнуваме со нашите предлог тикети со кои повторно ќе се обидеме да ви донесеме добивка.

Реал Мадрид во лов на Барселона

Започнува 83. издание на шпанската Ла Лига. Како и секогаш, борбата за титулата ќе ја водат само два клуба, а според кладилниците, Барселона ја има фаворитската улога во однос на Реал Мадрид.

Челси и Манчестер Сити по трофејот на Јунајтед

По 91 ден пауза, започнува новата сезона во англиската Премиер лига во која борбата за титулата ќе биде најотворена во последните години, а Манчестер Сити и Челси имаат предност во однос на актуелниот шампион.

Украинските местачи исфрлени од ЛШ

Фудбалскиот клуб Металист од Харков е исфрлен од квалификациите за Лигата на шампиони заради местење на натпревари во домашното првенство.

Баерн Минхен тргнува во одбрана на тројната круна

Нова сезона во германската Бундеслига, но најверојатно по старото сценарио од претходната јибилејна 50-та. Ќе успее ли некој да ја сопре машинеријата на Баерн Минхен која оваа сезона ќе ја предводи Пеп Гвардиола.

Меси главен фаворит за наградата на УЕФА

УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот избор при гласањето за најдобар фудбалер во Европа, а според очекувањата на јавноста и на кладилниците, Кристијано Роналдо и Франк Рибери немаат шанса со Лионел Меси.

Кладилниците го селат Руни во Челси

Веќе подолго време се шпекулира дека Вејн Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но сега тој се наоѓа најблиску до излезната врата, а и кладилниците почнаа да примаат големи уплати и ги смалија коефициентите на опцијата дека неговата следна дестинација ќе биде Челси.

Уште еден наместен натпревар во Шпанија

Шпанската фудбалска лига (LFP) започна истрага за сомнителната победа на Расинг Сантандер над Херкулес.

Манчестер Јунајтед ги брка Барселона и Џастин Бибер

Скоро сите клубови, па дури и ФК Вардар одамна се на Твитер, само Манчестер Јунајтед долго се инаетеше. Конечно од средата и тие се приклучија, па тргнаа кон рушење на рекорди во бројот на следбеници. Кладилниците веднаш извадија коефициенти за тоа дали ќе ги надминат Барселона и Џастин Бибер.

Фудбалерите на Белизе одбиле да местат и изгубија 6:1

Репрезентацијата на Белизе која едвај собра пари за да стигне до САД и да игра на Голд купот, загуби на стартот од домаќинот со 6:1, а неколку фудбалери открија дека одбиле обид за поткуп. Колку ли ќе загубеа ако прифателе?

Кладилниците им простија на поддржувачите на Ѓоковиќ

Британците се толку среќни што по пауза од 77 години еден нивни тенисер го освои Вимблдон, па кладилниците од островот решија да ги частат оние кои во финалето се кладеле на Ѓоковиќ и изгубија пари.

Реал Мадрид е послаб од Барселона и со Анчелоти

Топ тема на денот во светот на спортот е назначувањето на новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој ќе го замени Мурињо, а неговото празно столче во ПСЖ ќе го пополни Лорен Блан. Но светските кладилници и натаму го фаворизираат Каталонскиот тим дека ќе ја одбрани титулата во Шпанија.

Ќе успее ли Шпанија да го сопре Бразил?

Викендов започнува загревањето за Светското првенство под име Куп на конфедерации. Домаќинот Бразил е главен фаворит според кладилниците, но големи шанси за уште една интернационално признание има и репрезентацијата на Шпанија.