Манчестер Сити – Луверпул ГГ 3+
Екипата на Ливерпул на последното гостување на „Емирати" во Лондон одигра 2:2, а само три дена претходно загуби од третолигашот Олдам со 3:2. „Црвените" на 12 гостувања во Премиер лигата имаат гол разлика 20:20. Голгетерски и без калкулации се очекува да настапи и Манчестер Сити кој минатото коло одигра без голови против КПР, па затоа сега ќе мора да оди на победа за да не се зголеми бодовната разлика со Јунајтед која изнесува 7 бода.
Милан – Удинезе 1
Милан конечно фати ритам во Серија А и по очајните изданија во првиот дел од сезоната, 2013 ја започна со 3 победи и едно реми. Самодовербата кај „Росоњерите" е се поголема, а најсветлата точка во тимот и натаму е незапирливиот Ел Шарави. Позитивната атмосфера на „Сан Сиро" ја надополнува и трансферот на Марио Балотели кој е миленик на италијанската публика. По лошиот почеток составот на Алегри сега е на само 6 бода до третото место кое води во Лигата на шампионите.
Гранада – Реал Мадрид 2-2 3+
Постојаните натписи во шпанските весници, кои тврдат дека атмосферата помеѓу Мурињо и играчите е нарушена не се показател дека во Мадрид владее криза. Реал иако е далеку од можноста да ја одбрани титулата во првенството, сепак реномето на клубот не дозволува опуштање против тим од рангот на Гранада кој се бори за опстанок. Кралевите во изминативе 2 кола триумфираа убедливо. 5:0 на гости против Валенсија, па 4:0 на домашен терен против Гетафе.
Национал – Мореиренсе 1
Натпреварот против последнопласираниот тим во првенството е вистинска шанса за тимот на Национал да се одлепи од опасната зона за испаѓање. Минатото коло фудбалерите на Национал победија на гостински терен во директна борба за опстанок, а сега имаат далеку полесна задача против Мореиренсе, кој е најслаб тим во лигата со 8 бода на 16 меча и ниту еден постигна гол на последните 4 првенствени меча.
Венло – Ајакс 2
По двата дерби дуела против Феенорд и Витезе на кои фудбалерите на Ајакс освоија 3 бода, сега можат конечно да здивнат, затоа што за противник го имаат претпоследнопласираниот Венло кој е во лоша форма и ги загуби сите три последни дуели во холандското првенство. За Ајакс ваквите мечеви мораат да бидат лесни 3 бода, ако сакаат да го задржат чекорот за титулата со Твенте и ПСВ кој му бегаат два, односно три бода.