Вебстрани со резултати во живо, телетекст, радио, апликации на мобилни телефони... мажите имаат многу начини за да го дознаат резултатот за натпревар на нивниот тим или на натпревари кои ги имаат уплатено во кладилница. Тоа и го прават постојано, а Англичаните сега и го измерија времето кое го трошат на ова.
Резултатите од анкетата на TVBet.co.uk велат дека луѓето трошат по 195 минути неделно на проверување резултати, односно 10.140 минути годишно, што е повеќе од една недела.
51% од оние што одговориле на анкетата, проверуваат резултати додека се на работа, 15% од нив проверувале додека биле на прв состанок, а дури 4% од испитаниците одговориле дека проверувале спортски резултати и за време на нивната свадба.
Секако мажите се далеку поголеми зависници од livescore од жените, фудбалските натпревари се најпроверувани, а најчесто се проверуваат резултати додека луѓето се во паб, на шопинг или додека гледаат друг натпревар.