Фудбал

Кога се сака, сè се може

На мечот меѓу Перу и Уругвај кој заврши 3:3, домашниот голман Анхело Кампос бранеше неодбранливо и покажа дека што се сака, се може ако се потрудиш.

Кои се најверни играчи во Европа а кои не

Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?

Барем шпага да направеше, можеби ќе ја фатеше

Иако има 127 настапи за Шведска и е трет по број на репрезентативни настапи, Андреас Исаксон кој брани за Касимпаша на додавањето на Бугаринот Страхил Попов реагираше како прв пат во живот да брани.

„Да ме судеа, сите ќе викаа обесете го“

Една од најомразените личности во францускиот спорт, Рајмон Доменек изјави дека со книгата која што стана најпродавана во Франција и преведена на неколку јазици, завршило каменувањето врз него кое траеше со години.

Кој е Усеин Болт во Премиер лига

Јунајтед “го забоде“ во срце Сити во градското дерби откако Маркус Рашфорд го легна Демикелис и ладнокрвно го совлада Харт. Но тинејџерот на Манчестер Јунајтед не е најбрз фудбалер меѓу Црвените Ѓаволи.

Документарец за магичниот пат на Лестер

Сè што треба да знаеме за и околу клубот и градот кои се на прагот на најголемото изненадување во светот на фудбалот во последните неколку децении се наоѓа во 55-минутен документарец. Кој, зашто, каде, како и што е тајната на успехот? Одговорите лежат во видеото.

Фудбалот денес не е важен во Белгија

Брисел е погоден од терористички напади на две локации, а тоа се случува седум дена пред белгиската фудбалска репрезентација да ја пречека Португалија. Мечот е неизвесен, а на аеродромот каде имаше експлозија требал да слета брат му на Новак Ѓоковиќ.

Жонглерот што жонглира со чинии - Мамаду Сако

Францускиот дефанзивец со потекло од Сенегал ги освои симпатиите на Енфилд Роуд и се смета за легитимен наследник на Џејми Карагер и Сами Хипија. Постојат неколку силни причини зошто навивачите на Ливерпул имаат доверба во него.

Најмалата фудбалска лига во светот

Замислете група на фудбалери чија пасија е толку голема што секоја сезона се среќаваат против истиот противник, на истиот терен, потоа се ракуваат против истите играчи и ги прифаќаат судиските одлуки од еден ист судија.

Кој управува со Лестер?

Тајланѓанецот чие презиме никогаш нема да го прочитате од прва има 58 години, е религиозен човек кој понекогаш со хеликоптер го напушта стадионот. Лестер го купил за 30 минути иако имал желба да пазари некој друг премиерлигаш од Лондон.

Ем голман ем водач на навивачите

Италијанскиот третолигаш Читадела гази со 8 победи по ред, на вториот на табела му бега 10 бода и со една нога веќе е во втора лига. За славеничката атмосфера меѓу навивачите да биде уште поголема, се погрижи голманот Енрико Алфонсо кој одлично се снајде како нивен водач.

Куриозитетот на Роси, Алегри и Буфон

Фудбалските моменти од минатото и сегашноста понекогаш се испреплетуваат на многу неочекуван начин. Тоа е случај со Роси и Буфон кои викендов беа топ тема во Италија околу историскиот голмански рекорд кој е урнат по 22 години, а каде во двојна улога се наоѓа Алегри.

Треба ли Погба да го менува берберот?

Со текот на времето, Французинот кој стана лидер на Јувентус го остава светот во исчекување на неколку нешта: нови голови, нови титули, мегатрансфер во Реал или Барселона и нова луда фризура. Ова последново најчесто се случува.

Голман со глава во 94-та за реми

Во Данска, Алборг имаше голема шанса да им избега на ривалите за третото место кое води во Лига Европа, но во тоа ги спречи голманот на Архус, Штефан Расмусен. И тоа во 94-та минута.

Најмладиот стрелец во дербито на Манчестер

Новата сензација во англискиот фудбал, тинејџерот Маркус Решфорд стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол на дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Со неговиот гол, Црвените ѓаволи поведоа 0:1 на Етихад. Решфорд е и првиот играч од Манчестер од 2010. година после Пол Сколс кој дал гол на ова градско дерби.

Тренерот кој им избега на Штази агентите

Како селектор на младинците на Источна Германија, во Суботица паѓа во искушение да бега кон Западна Германија, а во меѓувреме избегнува труење од страшната служба за државна безбедност, Штази. Станува херој кој спаси неколку бундеслигаши од испаѓање.

Колку е важно да се смени тренерот кога не оди

Обично кога екипа ќе влезе во лоша криза и потоа направи тренерска смена, знае да влезе на терен помотивирана, освежена, поборбена и со нов концепт во играта. Тоа и се случува на Рома во последните два месеци.

Вака цврство ќе стои и во Њукасл?

Човекот на кој не можеме да му го фатиме трагот од менување клубови, од трка за првак во Шпанија и Европа со Реал, сега се фати за работа каде треба да спасува клуб од испаѓање во Премиер лигата. Ретро видео од убавите времиња во Ливерпул со кој се искачи на европскиот трон,

Дортмунд - Ливерпул, Атлетик Билбао - Севиља

Големо дерби во четвртфиналето на Лига Европа ќе одиграат Дортмунд и Ливерпул, екипи кои се меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување.

Меси е ноќна мора за Атлетико Мадрид

Ако Диего Симеоне ја погледне статистиката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во однос на тоа кој ги постигнува головите, тогаш цела одбрана треба да ја насочи за да го сопре Меси.

Лесна ждрепка за Реал и Баерн, Барселона против Атлетико

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ливерпул го слави Кутињо

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.

Што му се случи на Лацио?

Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.